Вардар ги брои последните денови од подготовките во Словенија. Тренерот Александар Васоски исткнува жалење што два од три натпревари не го дочекаа својот крај поради лошо време. Токму тоа популарниот „Тетовче“ го потенцира како единствен недостаток на подготовките во Словенија.

„Задоволен сум од подготовките во целина, само што ете, немаме среќа со натпреварите, односно истите не се играат како што треба до крај поради лошо време. Ни остануваат уште неколку дена од подготовките, имаме уште два натпревари на кои се надеваме дека се ќе биде во ред. Играчите тренират максимално коректно, без никаков проблем ги исполнуваат задачите, и се е во најдобар ред. За вчерашниот натпревар со Ал Аин, бевме подобар противник во тоа едно полувреме, не искористивме три стонастотни шанси, за жал мечот мораше да заврши на полувремето“, истакна Васоски.