Филип Глигоров и официјално направи трансфер во Албанија, во тимот на Влазнија од Скадар, каде што тренер е нашиот екс-селектор Мирсад Јонуз. Албанскиот прволигаш на прес конференција синоќа го претстави своето ново име.

Инаку десниот бек се поврзуваше со потпис со Македонија ЃП, речиси и се да беше готово, но сепак Влазнија успеа да дојде до Глигоров.