На последниот натпреварувачки ден Светското првенство во пливање во Јужна Кореја е соборен еден светски и еден европски рекорд.  Женската американска штафета во состав Реган Смит, Лили Кинг, Кејси Далиа и Симон Мануел постави нов светски рекорд во дисциплината 4х100 метри мешано. Американките испливаа време од  3.50.40 минути и го подобрија рекордот од пред две години во Будимпешта кој исто така им припаѓаше на Американките. А нов светски рекорд постави Американката Реган Смит која во својата смена должината од 100 метри грбно постави време од 57.57 секунди уривајќи го светскиот рекорд на сонародничката Кетлин Бејкер која истата делница ја преплива за 58 секунди.

Штета за Смит што не се натпреваруваше во индивидуално на 100 метри грбно.

А во машката штафетна трка во истата дисциплина победија Британците кои до златниот медал стигнаа во време 3.28.10 минути за нов европски рекорд.