Најновата анкета спроведена од „Марка“ за навивачите на Реал Мадрид, покажува дека фановите повеќе немаат доверба во Зинедин Зидан. Особено популарноста на „Зи-Зу“ падна по катастрофата од Атлетико Мадрид и примените седум гола.

Тие не веруваат дека Зидан ќе ги реши проблемите, па ниту фактот дека доаѓањето на Погба ќе донесе подобри резултати за тимот. Во анкетата имаше и прашање за Нејмар, а повеќемината од нив одговориле дека не го сакаат Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Зидан после катастрофата од Атлетико рече дека не е загрижен од поразот од 7:3.

Исто така во анкетата имало прашање кој треба да биде продаден од Реал летово, тие не одговориле за Џејмс Родригез, туку најмногу гласале за Лукас Васкез и за Начо.