Ете зошто прва вест во минатите денови во фудбалската јавност во Турција бил трансферот на Елиф Елмас во Наполи. А таа е дека овој трансфер од 16.000.000 евра плус бонуси, е вториот најскап или највреден во историјата на турскиот фудбал.

Се сметаат сите трансфери, тука и на странските играчи, кои преминуваат од клуб во клуб воТурција, потоа од странски во турски клуб и секако од турски клуб во Европа или светот. Пред него е само трансферот на Ченк Тосун од Бешикташ во Евертон кој изнесуваше 22.500.000 евра.

Трансферот на Елмас е пред и оној на Ченгиз Ундер, „златното момче“ на турскиот фудбал, кој од Башакшехир во Рома замина за 14.250.000 евра. Да не говориме за оние на Арда Туран, на Николас Ањелка, Муса Сов, Брума, Демба Ба и сите останати. И затоа медиумите во Турција просто збеснаа, ја објавија секоја можна информација за „дијамантот“. Откако работата се заврши, откако Елмас и дефинитивно е веќе под „капата“ на големиот тренерски маг Карло Анчелоти, се направи и анализа, односно ранг листа на најголемите 20 трансфери, која подолу ја објавуваме, во историјата на турскиот фудбал. На таа листа трансферот на Елиф Елмас е на второто место.

1.Ченк Тосун (Бешикташ – Евертон) 22.500.000 евра

2.Елиф Елмас (Фенербахче – Наполи) 16.000.000 + бонуси

3.Бадо Ндиаје (Галатасарај – Стоук) 16.000.000

4.Муса Сов (Фенербахче – Ал Ахли) 16.000.000

5.Елвир Баљиќ (Фенербахче – Реал Мадрид) 15.600.000

6.Брума (Галатасарај – Лајпциг) 15.000.000

7.Ченгиз Ундер (Башакшехир – Рома) 14.250.000

8.Мбаје Диње (Касимпаша – Галатасарај) 13.000.000 евра

9.Демба Ба (Бешикташ – Шангај) 13.000.000

10.Арда Туран (Галатасарај – Атлетико Мадрид) 13.000.000

11.Симон Кјаер (Фенербахче – Севиља) 12.500.000

12.Џеј-Џеј Окоча (Фенербахче – ПСЖ) 12.400.000 евра

13.Џозеф де Соуза (Фенербахче – Ал Ахли) 12.000.000

14.Николас Ањелка (Фенербахче – Болтон) 12.000.000

15.Озан Кабак (Галатасарај – Штудгарт) 11.000.000

16.Џулијано (Фенербахче – Ал Наср) 10.500.000

17.Емануел Еменике (Фенербахче – Спартак Москва) 10.000.000

18.Елвир Баљиќ (Бурсаспор – Фенербахче) 9.500.000

19.Мерих Демирел (Аланијаспор – Сасуоло) 9.250.000

20.Емануел Еменике (Карабукспор – Фенербахче) 9.000.000