Се тргна со желбата на Федерико Киеза да оди во Јувентус. Младиот италијански напаѓач не верува во проектот на „Виола“ под водство на новиот сопственик Роко Комисо и посака да направи трансфер во клуб каде што може да расте како фудбалер и да освојува титули – а тоа е Јувентус.

Откако дознаа за ова луѓето во Фиорентина ги фати паника. Не сакаат да ја изгубат својата ѕвезда во нападот и спремија нов договор за Киеза со далеку подобрени финансиски параметри плус капитенската лента во новата сезона.

Но со тоа што сакаа да го задоволат италијанскиот репрезентативец ја налутија другата ѕвезда во екипата – Герман Пецела. Фудбалерот кој е редовен капитен е незадоволен што му ја нудат капитенската лента на Киеза без негова консултација. Тој го оценува овој потег како непочитување од страна на раководството.

Искусниот Аргентинец сега сака да си оди од „Артемио Франки“, а ситуацијата сакаат да ја искористат неколку клубови и да го донесат кај себе. Пред се тука се Рома и Милан.