Утре во 17:55 часот во Луксембург, на стадионот „Жоси Бартел“, нашиот шампион Шкендија ќе се обиде да победи  најмалку со два постигнати голови, и да се пласира во следната фаза во квалификациите во Лигата на Европа. Натпреварот се игра на стадионот „Жоси Бартел“, кој реално, барем кога станува збор за нашите екипи и нашата репрезентација, не ни носи среќа.

Од друга страна Вардар (2002) и Работнички (2006) го минале Дуделанж, па зошто тоа да не го стори и актуелниот првак и покрај тие 1:2 од Скопје. Досега на овој стадион нашата репрезентација и нашите екипи одиграле вкупно пет меча, ривали биле репрезентацијата на Луксембург и се разбира Дуделанж. Имаме две победи, едно реми и два порази. Веруваме и очекуваме дека Шкендија утре ќе заигра како што може и знае и дека ќе падне тој Дуделанж.

Нашите натпревари на „Жоси Бартел“…

2002 – Дуделанж – ВАРДАР 1:1

2006 – Дуделанж – РАБОТНИЧКИ 0:1

2008 – Луксембург – МАКЕДОНИЈА 1:4

2012 – Луксембург – МАКЕДОНИЈА 2:1

2015 – Луксембург – МАКЕДОНИЈА 1:1