Екс-вардарецот Игор Карачиќ од денеска официјално ги започна подготовките за новата сезона како нов играч на полскиот првак Келце.

Во редовите на Келце, Карачиќ ќе ги обедини силите со Алекс Душебаев со кој беа заедно во „црвено-црниот“ дрес четири сезони.

Талант Душебаев денеска го собра тимот и ги започнува подготоките за новата сезона, во која ќе се соочи со Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите.