Стратегот Дамир Стојановиќ попладнево го построи новиот Металург, во кој ќе гледаме еден драстично изменет тим во Автокоманда. На првата прозивка недостасуваа четворица играчи, кадетските репрезентативци Михајло Младеновиќ, Марко Кондов и Мартин Серафимов, кои имаат обврски со националниот тим на СП, како и Грузиецот, Иракли Кбилашвили, кој поради административни пречки (виза) ќе задоцни на подготовките.

Металурзите неколку дена ќе тренираат во Скопје, а в вторник заминуваат за Копаоник каде од 6 до 12 август ќе ги работи висинските и базичните подготовки. Потоа се враќаат во Скопје, а од 15 до 19 август ќе бидат дел од турнирот на Чеховски Медведи во Русија, додека на крајот на месецот (22-25 август) ќе учествуваат на Кањижа купот.