Не само што знае да игра и тоа како добро фудбал, Кристијано Роналдо знае и да ужива во животот. Тој денови си купи нова вила, прекрасно здание вредно 1.5 милиони евра, и тоа во Марбеља каде интересно, прв сосед му е познатиот УФЦ борец Конор МекГрегор. Роналдо и прекрасната Џорџина ќе уживаат во баезенот, во кино – салата, игралиштето за голф, теретаната, во четирите спални соби и се останато што треба да има една вила чиј сопственик е Роналдо.