Шкендија максимално е свесна што значи утрешниот реванш против Дуделанж за неа како клуб, како поединци. На денешниот прес пред утрешниот дуел на „Жоси Бартел“ тренерот Ќатип Османи истакна:

„По првиот меч ја анализиравме нашата игра, имавме шанси, но тоа е минато. Сега пред нас е голем предизвик, можеме да се вратиме, ништо не е загубено. Сите сме свесни за тоа што носи овој натпревар за Шкендија, сите во клубот. И покрај тие 1:2 ние не се откажуваме. Треба да бидеме мирни, мораме да постигнеме голови и од игра а не само од пенал во овие европски натпревари. Потребен е ран или брз гол на утрешниот меч. Имаме квалитетни поединци кои можат сами да го решат мечот, јас очекувам од нив такво нешто. Имаме наши сметки, сакаме да одиме натаму. Нема да има големи промени во тимот и формацијата“ заврши Османи.