Битолската ракометна легенда Бранислав Ангеловски се враќа дома и неофицијално новиот ракометен проект Еурофарм Пелистер е новиот предизвик за него. Репрезентативецот се збогуваше со романска Констанца во која ја заврши играчката кариера и каде во изминативе две години беше спортски директор.

„После два многу тешки и напнати денови за мене се простувам од моето семејство во Констанца, од пријателите, играчите, навивачите… Од сите вас! Оставам добри луѓе, кои девет години беа важен дел од мојот живот. Животот е полн со изненадувања, а заради такви изненадувања, морам да ги сменам моите планови… Се гледаме во некоја друга прилика“, напиша Ангеловски на својот Инстаграм профил.

 

 

View this post on Instagram

 

Arrividerci Constanta, Good bye , Au revoir 😢😢 … After two very hard and tiring days for me, I want to use this opportunity to say goodbye to my family in Constanta, to my friends, to my players, to my supporters…. to all of you!! Here I leave a lot of good people, who were an important part of my 9 years old life here… Life is full of surprises, and by one of those surprises, I have to change my plans… some choices in life are made by ourselves, but not all the time… See you in another opportunity!!!🙏🏻🍀💙🐬 Posle dva mnogu teski i napnati denovi za mene, sakam da ja iskoristam ovaa prilika da se oprostam od svojata familija vo Constanta, od prijateli, igraci, navivaci…. od site! Tuka ostavam mnogu dobri lugje , 9 godini vie site bevte vazen del od mojot zivot Zivotot e poln so iznenaduvanja, , poradi takvi iznenaduvanja i jas moram da gi smenam moite planovi…nekoi odluki vo zivotot gi nosime samite, no ne site i ne sekogas … Se gledame vo nekoja naredna prilika!!!🙏🏻🍀💙🐬

A post shared by Purin (@angelovski_branko) on

Збогувањето со Констанца доаѓа само неколку часа пред седницата на Советот на Општина Битола на која ќе се разговара за понудата на Еурофарм Работник да купи доминантен пакет на акции во РК Пелистер, која е наречена „Платформа за ракометна Битола“, во која двата клуба треба да продолжат да функционираат како еден силен европски тим.