Голманот на Вардар, Филип Гачевски на својот Фејсбук профил ја искоментира вечерашната елиминација на Шкендија од Дуделанж. Објавувајќи фотографии од двата сомнителни гола минатата сезона, тој напиша:

„Сите се правеа слепи пред очигледните неправди, ама Господ е голем и праведен. Ние и нашите навивачи плачевме пред огромните неправди, сега плачете малку и вие. КАРМАТА Е ЧУДО!!!“, напиша Гачевски.