Денеска се одиграа дел од вторите натпревари во квалификациското коло од Лигата на шампионите. Најинтересно беше во Базел каде што домашниот тим некако успеа да го елиминира ПСВ, откако првиот дуел го загуби во последните мигови од средбата со пресврт.

Базел поведе со 1:0, Холанѓаните веднаш израмнија, но Швајцарците постигнаа и втор гол со што дојдоа до потребниот триумф за пласман во 3. коло.

АПОЕЛ мина без проблеми со Сутјеска откако го совлада дома со 3:0. Селтик го совлада „фамозниот“ Номе Калју и на реваншот, а Динамо Загреб со Адеми во составот беше подобар и на реваншот од Сабуртало со 3:0. Ференцварош оди понатаму откако на гости одигра со Валета 1:1, а Олимпијакос го „растури“ Плзен со 4:0 и се пласираше во следната фаза.

Токму македонските интернационалци Спировски и Адеми ќе се „судрат“ во 3. квалификациско коло.

ЛШ, 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (РЕВАНШИ)

АПОЕЛ – Сутјеска 3:0 (вк. 4:0)

Номе Калју – Селтик 0:2 (вк. 0:7)

Макаби ТА – Клуж 2:2 (вк. 2:3)

Базел – ПСВ 2:1 (вк. 4:4)

Динамо Загреб – Сабуртало 3:0 (вк. 5:0)

Валета – Ференцварош 1:1 (вк. 2:4)

Олимпијакос – Плзен 4:0 (вк. 4:0)