Вулверхемптон го комплетираше трансферот на 21-годишниот италијански напаѓач Патрик Кутроне. Фудбалерот денеска ги изврши лекарските прегледи и потпиша четиригодишен договор со премиерлигашот кој за неговите услуги му плати на Милан 18 милиони евра, а ќе му доплати уште 4 милиони во форма на бонуси.

Кутроне си замина од Милан со 27 гола и седум асистенции на контото во 90 натпревари во сите конкуренции.

Патрик е интересен фудбалер и Вулверхемптон со нетрпени го очекува неговото деби. Проценивме дека тој добро ќе се вклопи во филозофијата на тимот и затоа одлучивме да го донесеме. Задоволни сме од тоа што Патрик изрази желба да ни се приклучи, па понатаму беше полесно за реализација на трансферот“, изјави спортскиот директор на Вулверхемптон Кевин Телвел.