Машката јуниорска репрезентација на Македонија е сигурен патник во четвртфиналето на Европското првенство Б дивизија во Орадеа, Романија, откако во претпоследното коло од групната фаза ја победија и Словачка, 58:83 (18-16, 12-26, 12-22, 16:19). Македонија утре против Данска треба да го потврди првото место во групата Б.

По турбулентното прво полувреме во кое противниците постојано го менуваа водството, Македонија прва се одлепи на 6:10, но по тајм-аутот ривалот се врати на 12:12, а потоа и го превзема водството 18:16 на крајот на првиот дел.

Избраниците на Тони Симиќ сигурно влегоа во продолжението и со серија дојдоа до предност од 18:22, која нешто подоцна се претвори во прво двоцифрено водство, 23:33 по „тројката“ на Виктор Исајлоски. Нашите момци држеа сигурно темпо, играа одлично во одбраната и ја контролираа ситуацијата под обрачите, па тоа им донесе 30:42 на полувремето.

Во продолжението веќе се беше јасно. Македонија држеше темпо за на крајот да дојде до убедлива победа со која со сигурност е во четвртфиналето.

Најефикасен во нашата селекција беше Андреј Јакимовски, кој имаше дабл-дабл учинок, 10 поени и 10 скокови, Дарио Митевски исто така имаше десет поени, додека Марко Миловановиќ и Виктор Исајлоски постигнаа по 9 поени.