Нов момент во трансфер приказната на Нејмар од ПСЖ во Барселона. „Светците“ одлучија да ја намалат цената за Бразилецот и од 300 милиони, сега цената падна на 180 милиони евра, но притоа не доаѓа во предвид трансфер кој вклучува и играчи. ПСЖ го интересираат само парите.

Францускиот првак смета дека таквите договори кои вклучуваат „отфрлени“ играчи не носат ништо добро, па затоа ако некој сака да го добие Нејмар ќе треба да плати 180 милиони евра.

Преодниот рок влегува во завршна фаза, а засега никој не е заинтересиран за играчите кои се на „продажба“ кај Каталонците. Цифрата од 180 милиони евра е финансиски опасна за Барса, со оглед на тоа дека веќе се исплатени 120 милиони евра за Гризман.

Нејмар ја чека разврската, а тоа го прави на подготовки со ПСЖ во Кина, на кои досега нема играно ниту на еден пријателски натпревар.