Експедицијата на Шкендија веќе втор ден е во Луксембург, каде вечерва ќе го одигра реванш дуелот со Дуделанж од 2.квалификациско коло во Лигата на Европа. Нашиот првак влегува со 1:2 во вторите 90.минути, но и со верба во себе, тоа го истакнаа Османи и Ибраими на вчерашниот пред, дека може да се дојде до резултат кој ќе ја носи Шкендија во следната рунда. Сега на потег се тетовци, тие вчера си го одработија оној задолжителен тренинг на стадионот „Жоси Бартел“ уверени дека може да победат со 2:0, 3:2 и слично.