ФИФА ги објави имињата на десетте фудбалери кои останаа во трката за наградата „The Best”, која секоја година му се доделува на најдобриот светски играч за изминатата сезона.

Кристијано Роналдо, Лионел Меси, потоа Вирџил ван Дајк, Садио Мане, Мохамед Салах, Френки де Јонг, Мaтијс де Лихт, како и Азар, Мбапе и Кејн се фудбалерите кои ќе се борат за ова престижно признание.

Стратегот на Манчестер Јунајтед Пеп Гвардиола, како и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се најсериозните кандидати за наградата најдобар тренер, а како конкуренција уште ги имаат и Дидие Дешамп (Франција), Џамел Белмади (Алжир), Рикардо Гарека (Перу), Марсело Галјардо (Ривер Плејт), Маурицио Почетино (Тотенхем), Тите (Бразил), Фернандо Сантос (Португалија) и Ерик Тен Хаг (Ајакс).

Свечената церемонијата е закажана за 23 септември во Милано.