Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ќе добие музеј на улицата Кнез Михајлова во Белград. Веста ја објави неговиот татко Срѓан во интервју за РТС.

„Отвораме музеј следната година во центарот на Белград. Огромна е заинтересираноста на странските и домашните туристи, особено на Кинезите. Новак е страшно популаре во Кина“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ, кој е освојувач на 16 Гренд слем титули, последната на Вимблдон, ќе го пропушти настапот на Роџерс купот во Монтреал на почетокот на август, но затоа ќе настапи на мастерсот во Синсинати, кој стартува на 11. август.