Гнев, огорченост, разочарување владее кај сите во Шкендија по срамотната елиминација од фудбалска Европа, но се чини најмногу гнев се собра кај навивачите. Па така тие  реагираат на постот на Костадин Захов на неговиот инстаграм профил, и тоа само два часа по мечот. Голманот го сликнал Жуниор во фоајето од хотелот во Луксембург и додал свој коментар. Тука се гледа како Жуниор се смее. Фановите се гневни на двајцата и бараат одговорност и почит спрема клубот, не било време за зафрканции и „смеење“.