Александар Ристевски, екс – стоперот на Победа, денеска ќе стави потпис на договорот со Влазнија Скадар, прволигашки тим од Албанија. Да потсетиме дека пред неколку недели на клупата на Влазнија седна Мирсад Јонуз. Инаку пред неколку денови во Влазнија замина и Филип Глигоров. Значи Ристевски ќе биде вториот Македонец кој ќе направи трансфер во тој клуб откако екс-селекторот на Македонија го презеде тимот. Кога сме кај Александар Ристевски, да кажеме дека пред да настапува за Победа, дефанзивецот играше и за екипите на Ренова, Пелистер, Младост Царев Двор, Скопје, Металург.