Кадетската машка репрезентација на Чиле, која е меѓу првите селекции кои допатуваа на Светското првенство во Скопје, одработи тренинг со европскиот првак Вардар во СЦ “Јане Сандански”.
Чиле утре вечер ќе му биде и спаринг партнер на нашиот кадетски национален тим, 20 часот, во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје како последна контрола на силата на тимот на Данило Брестовац пред стартот на мундијалот на 6 август.

Она што беше интересно, по тренингот Чилеанците се сретнаа со ракометарите на Вардар кој се спремаше за својот тренинг. Јужноамериканските ракометари му се израдуваа на европскиот првак и се поздравија со сите негови играчи.

Од Вардар напишаа: „Кога ќе исполниш нечиј сон, особено на млад човек тогаш си пресреќен. Кадетите на репрезентацијата на Чиле уживаа во друштвото на вардарци после нивниот тренинг, а за спомен им остана и фотографијата со освоениот пехар од ЕХФ лигата на шампионите во Келн. Којзнае, можеби еден ден некој од нив ќе стигне онаму каде сега е Вардар. Најважно е да имаш цел.. “.

 

View this post on Instagram

 

Кога ќе исполниш нечиј сон, особено на млад човек тогаш си пресреќен. Кадетите на репрезентацијата на Чиле уживаа во друштвото на вардарци после нивниот тренинг, а за спомен им остана и фотографијата со освоениот пехар од ЕХФ лигата на шампионите во Келн. Кој знае, можеби еден ден некој од нив ќе стигне онаму каде сега е Вардар. Најважно е да имаш цел.. #HCVardar #Chile #Chilean #younghandballplayers #dreamcometrue #handballworld #macedonian #macedonianhandballfederation

A post shared by РК Вардар (@rkvardar) on