Навраќајќи се на славните моменти на руските тимови, и нивните екипи во Европа, весникот „Спортс“ се осврна и на еден момент. А тоа е елиминацијата на ЦСКА од Вардар, момент кој и по 16 години навивачите на „армејците“ не можат да го прежалат.

„Тогашниот силен тим и сонот на ЦСКА да игра во групите од ЛШ го сруши Вардар. И после 16 години, навивачите никако не можат да ја заборават таа елиминација“, пишува “sports.rs”.