По 15-тина дена темпирање на формата, во кои акцентот беше ставен на физичката подготовка, одбојкарските репрезентативци полека почнаа и да фаќаат и техничко-тактички ритам.

Со исклучок на отсуството на Ѓорѓи Ѓоргиев и Филип Маџунков, кои санираат повреди во Скопје, се друго изгледа добро, атмосферата е на ниво, а екипата чека да и се приклучи и искусниот Александар Милков.

На „спартанците“ им преостануваат уште две седмици работа во Маврово пред да стартуваат со серијата пријателски натпревари во пресрет на деби настапот на Европското првенство во септември.