Уште една победа донесена од македонски фудбалер вечерва во Лигата на Европа. После „четворката“ на Иван Тричковски против Левски, со која донесе следна фаза на АЕК Ларнака, вечерва погоди и Адис Јаховиќ во триумфот на Малатијаспор на „Стожице“ против Олимпија.

Гол за триумф на турскиот тим со кој продолжува во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа.