Ардит Илјази и Џемаил Есати потпишаа четиригодишни договори со ФК Шкупи, а двајцата доаѓаат во чаирскиот клуб од редовите на Гостивар. И двајцата имаат по 18 години. Илјази е стопер, а може да игра и како десен бек, додека Есати е играч од средниот ред.

Среќен сум што сум дел од традиционален тим во нашата земја и горд сум што ќе играм пред навивачката група „Шверцери“. Како млад играч во голем клуб, се надевам дека ќе ја добијам довербата од тренерот и со помош на Бога верувам во постигнување на добри резултати заедно со соиграчите“, изјави Илјази.

Чувството да се биде дел од Шкупи е нешто посебно и многу сум среќен што потпишав договор со клубот кој има славна историја со многу освоени трофеи. Во Шкупи има добра атмосфера, имаат и фантастична навивачка поддршка и едвај чекам да дебитирам. Ќе го дадам најдоброто од себе“, вели Есити.