Актуелниот европски кошаркарски шампион направи одлична реконструкција на екипата и се чини дека наредната сезона ќе влезе со уште посилен играчки кадар. Точно дека заминаа Отело Хантер, Нандо Де Коло, Кори Хигинс, Чачо Родригез и Алекс Питерс, па се појавија многу дупки во ростерот.

Па така „Армејците“ тргнаа да ги популнуваат, најпрвин дојде Јанис Стрелнијекс, па потоа двоецот од Басконија Дарун Хилијард и Јоханес Фојтман за потоа рускиот гигант да се сврти кон НБА лигата. Прво го донесоа Костас Куфус, а после него и поранешниот плејмејкер на Никс и Визардс Рон Бејкер.

А за крај не ја пропуштија шансата да го донесат Мајк Џејмс еден од најдобрите стрелци во Европа минатата сезона кој ја напушти Олимпија Милано.

Па ЦСКА во новата сезона ќе изгледа вака.

Јанис Стрелнијекс, Даниел Хекет, Рон Бејкер, Михаил Кулагин, Александар Хоменко

Мајк Џејмс, Дарун Хилијард, Иван Ухов

Вил Клајбурн, Никита Курбанов

Јоханес Фојтман, Андреј Воронцевич, Семен Антонов

Костас Куфус, Кајл Хајнс, Џоел Боломбој, Андреј Лопатин