Продолжува распродажбата на најдобрите фудбалери на Ајакс кои минатата сезона стигнаа до полуфиналето од Лигата на шампионите, а само секунди ги делеа и од големото финале.

Така после Де Јонг во Барселона и Де Лихт во Јувентус, дојде редот да се продаде и Ван де Бек.

Според последните информации, Ајакс наводно ја прифатил понудата на Реал Мадрид во висина од 60 милиони евра за играчот од средниот ред.

Тренерот, пак, на Ајакс Ден Хаг демантира: „Ќе сториме се што можеме да го задржиме Ван де Бек и да одолееме на понудите“.