И официјално Македонија, барем на клупски план, ако се сметаат мечевите само ова лето, е претпоследна „сила“ во Европа. Фрапантно, трагично, катастрофално. Од 55 земји во Европа, според најновите коефициенти, нашата земја се наоѓа на 54.место, позади нас е само Сан Марино. Нашите клубови освоиле 0.500 рејтинг поени, додека тие од Сан Марино 0.000. Тоа е затоа што од десетте мечеви нашите клубови победиле само на еден. Ние се најдовме во друштво на најголемите европски „лузери“, кои служат за потсмев во фудбалска Европа и за поправање на гол – разликата. Ете таму стасавме. Македонија едноставно го допре дното…подолу нема каде…