Пауло Дибала го постави под прашалник трансферот од Јувентус во Манчестер Јунајтед. „Старата дама“ планираше да го испрати аргентинскиот напаѓач во Англија, поточно на „Олд Трафорд“ кој е сериозен во намерата да го донесе, а притоа да го пушти Ромелу Лукаку во Интер. Но тркалото застана, затоа што Аргентинецот повлече рачна со своите ненормални побаравувања.

Според „Газета дело Спорт“ Дибала барал 10 милиони евра по сезона плус бонуси и плус уште 15 милиони евра провизија за неговиот агент! Кога на тоа ќе се придодаде сумата која Јувентус ја бара меѓу 85-100 милиони евра излегува дека Дибала е прескап за „Ѓаволите“.

Дибала утринава бил советуван од Роналдо да не му ја мисли и да оди во Манчестер Јунајтед, но тој некако не му се допаѓа идејата и прави се зделката да пропадне. Низ медиумите во Англија кружат информации дека Тотенхем може да го купи во пакет со Ло Селсо од Бетис, но ако и нив им ги постави овие барања тогаш и „спарси“ ќе се повлечат.

Инаку Дибала има договор со Јувентус до јуни 2022 година!