Нашите јуниори на ЕП попладнево од 17:30 часот, во 1/4 финалето се среќаваат со Естонија. Кој ќе победи оди во полуфиналето на европскиот кошаркарски самит во „Б“ дивизијата, и ќе биде на чекор до пласман во „А“ дивизијата. Во изминатиот дел од првенството во Орадеа, нашите навистина беа „цареви“, одиграа екстра квалитетно, имаат скор од пет победи во исто толку мечеви и завршија како први во групата. Сега на ред е Естонија, силна селекција, но состав кој може да се победи. Посебно ако се знае дека во првата фаза од првенството во нашите редови ние го имаме Андреј Јакимовски, кој е најкорисен играч. Потоа тука го имаме и Лука Савичевиќ кој пак е втор асистент. Секако дека за нив и нивните соиграчи празникот Илинден ќе биде мотив повеќе да се победи Естонија. Во случај на добри вести од Орадеа, тогаш во полуфиналето се среќаваме со победникот од мечот меѓу Израел и Шведска. Да потсетиме дека првите три репрезентации од ова ЕП ќе изборат пласман во „А“ дивизијата.