Борусија Дортмунд ги претстави дресовите за новата сезона во Лигата на шампионите и мора да се признае тие изгледаат фантастично. Полн погодок на компанијата за спортска опрема „Пума“. Не само што фудбалерите беа воодушевени од дизајнот, туку и навивачите го искажаа своето задоволство.