Херојот на АЕК Ларнака Иван Тричковски првпат во кариерата постигнува четири гола на еден натпревар. Македонскиот напаѓач реализираше четири гола во триумфот на АЕК над Левски сред Софија со 4:0 и со тоа го однесе кипарскиот тим во следното квалификациско коло во Европа.

Беше супер натпревар. Знаевме што не чека во Софија. Ги искористивме сите шанси и убедливо победивме. Горд сум на себе. За првпат давам четири гола. Левски е добра екипа, но ние бевме подобри и заслужено одиме понатаму. Целта беше да се пласираме понатаму и таа е исполнета. Јас лично сум среќен што добро си ја завршив работата“, изјави Иван Македонски после „покерот“ на голови со што собори неколку РЕКОРДИ кои можете да ги прочитате ОВДЕ.