Борусија Дортмунд пред своите навивачи на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада ривалот Баерн Минхен со 2:0 во германскиот Супер-Куп, и се закити со трофејот од ова натпреварување.

Дортмунд со само едно ново име во своите редови од купените (Шулц), успеа со головите на Алкасер и на Санчо во вториот дел да ги совлада Баварците. И гостите од Минхен имаа неколку добри шанси, но не ги реализираа.

И за Баерн ги немаше неколкуте нови играчи како Фернандез кој не играше, затоа во тимот беше Павар.