Дефанзивецот на Сиетл Саундерс и панамската репрезентација Роман Торес е дисквалификуван на 10 натпревари во Мејџор Сокер Лигата. Според „Спорт Илустрејтед“ причината за суспензија на Торес е што бил позитивен на недозволена супстанција, не е соопштено која, но се шпекулира дека се работи за супстанција за подобрување на физичката кондиција. 33-годишниот Панамец вели дека истата не ја внел со намера туку преку храна која ја јадел во Соединетите Американски Држави и дека немал поим за тоа. Освен што е казнет со 10 натпревари исто така играчот е казнет со 20% од месечната плата.

Торес е само четвртиот фудбалер на МЛС кој е суспендиран поради користење на забранети средства. Во 2008 година бекот на Саундерс Џеф Парк доби суспензија од 10 меча, а истата година од исти причини иста казна доби и играчот на Ред Булс Џон Конвај. Во 2011 година дефанзивецот на Колумбус Кру Џош Вилијамс исто така беше суспендиран на 10 натпревари.

Торес играше за Панама на Светското првенство во Русија, а ги одигра трите меча во групата со Белгија, Англија и Тунис.