Актуелниот првак на Франција, со пресврт во дуелот со Рен дојде до трофејот во Супер-Купот на стадионот во Шангај.

Рен поведе со голот на Хуноу во 13. минута, а големиот фаворит тешко успеваше да ја пробие одбраната на Рен. Сепак, во 57. минута Мбапе успеа да донесе израмнување.

Голот на долука беше дело на Анхел ди Мариа во 73. минута. Тој од слободен удар постигна еврогол и на ПСЖ му го донесе трофејот.

Ова е седми трофеј по ред на ПСЖ од 2013 година па наваму.