Постои голема веројатност, сите дерби средби во претстојната сезока во Втората лига – Исток кои ќе се играат во Штип, а на кои Брегалница е домаќин, да се играат под светлоста на рефлекторите.

Секако дека тоа е добро за љубителите на фудбалот во градот под Исарот, добро е за играчите на штипските „сини“, посебно ако се знае какви се температурите во август и септември.

Кога сме кај рефлекторите да споменеме дека вечерва од 19 часот во градот под Исарот, ќе се одигра пријателски натпревар меѓу Брегалница и Борец, а вториот полувреме ќе се игра под рефлектори. Ова ќе биде „генералка“ за велешани во пресрет на стартот на новата сезона во Првата лига.