Возачот на Хонда Марк Маркез победи на патеката во Брно, Чешка и така ја забележа шестата победа во десеттата трка оваа сезона во Мото ГП шампионатот и го продолжи походот кон освојување на шестата титула во кралската класа.

Шпанецот во саботните квалификации го изедначи рекордот на Мајк Дуан по број на освоени пол позиции, а денеска беше доминантен и така ја освари 50. победа во Мото ГП и стана четвртиот возач во историјата кому му пошло тоа од рака.

Инаку главниот конкурент Андреа Довициозо со Дукати неколку пати му се доближи во текот на трката но не можеше да го претекне. Едноставно не можеше да го следи ритамот на Шпанецот и на крајот се откажа и се задоволи со втората позиција.

На третото место заврши Џек Милер од Прамак Дукати.

Легендарниот Валентино Роси солидно стартуваше во еден момент од седмата стигна до петтата позиција, но на крајот заврши на шестата позиција. Четвртото и петтото место го заземаа Шпанците Ринс (Сузуки) односно Вињалес (Јамаха).

Во генералниот пласман Маркес води со 210 бодови, Довициозо е втор со 147, а Петручи, кој денеска беше дури осми, ја задржа третата позиција со 129 бодови.

Следната недела на програмата е 11. трка во Австрија.