Синот на Михаел Шумахер, Мик Шумахер ја запиша првата победа во Формула 2 на Големата награда за Унгарија. Тој славеше на патеката Хунгароринг на која неговиот татко има четири победи.

„Одлична трка. Болидот беше одличен. Не беше лесно и му честитам на противникот Нобухари Мацушити, кој се бореше до самиот крај. Среќен сум, беше забавно“, изјави 20-годишниот Мик.

За Шумахер ова е прва победа во Формула 2, откако претходно најдобар резултат имаше на 4. Место во Австрија, додека во генералниот пласман е на 11. место.