Британскиот возач Луис Хамилтон триумфираше на трката за Големата награда на Унгарија пред Макс Верстапен и Себастијан Фетел.

За Хамилтон ова е седми триумф на „Хунгароринг“ во кариерата, а победата стигна по големата борба и одличната тактика на неговиот тим Мерцедес. Макс Верстапен имаше голема предност, но го „издадоа“ пневматиците во финишот на трката и тоа го искористи Хамилтон за да избие на лидерското место и да победи.

Еве ги поинтересните моменти.

Големата надеж на Ред Бул Макс Верстапен стартуваше од првата позиција за првпат во кариерата откако беше прв во квалификациите вчера. Холанѓанецот добро стартуваше со сочува првото место додека двата Мерцедеси на стартот имаа контакт. Хамилтон го нападна второто место, а Ботас го оштети предното крило во ударот со задната гума на тимскиот колега. Од таа ситуација профитираше возачот на Ферари Чарлс Леклер кој го претекна Ботас и стигна до битка со Хамилтон за второто мeсто.

Во 20 круг Хамилтон ги замени гумите со медиум тврди и тоа му даде дополнителна брзина на патеката. До 22 круг Хамилтон успеа да ја стопи предноста на Верстапен и стигна до секунда задоцнување во однос на Холанѓанецот. А Ботас по почетните проблеми почна да се пробива и од послендото место (поради влегување во боксот) стигна до 13-тото.

Во 26 круг Верстапен ги замени гумите и излезе зад Хамилтон, а пред двата возачи на Ферари што беше одлично тактичко решение на Ред Бул во тој момент. Верстапен и натаму не се предаваше и одлично оддолеваше на нападите на Хамилтон.

Но клучниот момент веројатно се случи во 49 круг кога Мерцедес го повика Хамилтон во боксот за да монтира медиум гуми, додека Ферстапен продолжи со старите. Се до 67. круг Хамилтон го бркаше Верстапен и потоа го претекна. Макс имаше проблеми со гумите кои веќе беа истрошени, па ја губеше брзината па отиде во боксот, а на враќање остана втор зад Хамилтон кој јуришаше кон целта и победата.

Зад него заврши Вестрапен, а за третото место Себастијан Фетел успеа да ја добие битката со тимскиот колега Леклер во финишот.