Следниот викенд ќе стартува 28 шампионат на Македонија во Првата фудбалска лига. Според распоредот првото коло треба да се игра во недела (11 август), но се чини дека ќе има мало поместување во календарот.

Во недела е празникот Курбан Бајрам, па поради тоа четири клубови од ПМФЛ бараат нивните мечеви да се играат ден порано. Нема причина нивното барање да не се прифати, а тоа значи дека во недела ќе се игра мечот на ФФМ меѓу Вардар и Македонија ЃП.

Додека во сабота се среќаваат Струга Трим Лум – Работнички, Шкупи – Борец, А. Пандев – Шкендија и Ренова – Силекс.