Дејан Блажевски од денеска е ново име во таборот на Македонија ГП.

Она што го најави СПОРТМЕДИА уште на 1 август (ЛИНК) денеска се оствари. Тој и ‘лавовите’ се договорија на еднагодишна соработка со можност на уште една.

Блажевски утре ќе биде промовиран во дресот на прволигашот од Ѓорче Петров. Тоа е големо засилување за составот на стратегот Александар Таневски.