Европскиот првак Ливерпул го промовираше својот нов голман, Адриан, кој е замената за Симон Мињоле.

Адриан е поранешен голман на Вест Хем, кој од 2013 година брани за Бетис, а во Ливерпул доаѓа без обештетување и ќе биде замена за Алисон.

„Амбициозна личност сум и доаѓам во Ливерпул за да бидеме уште подобри. Очекувам да се борам за своето место со првиот голман Алисон“, истакна Адриан на претставувањето.

Ливерпул во првото коло од Премиерлигата која стартува викендов ќе се соочи со Норвич Сити.