Првата победа на ЕХФ Шампионатот во Италија, женската кадетска репрезентација на Македонија ја запиша во второто коло од групата Б откако со 30:29 (15:13) славеше над Белорусија.

Брзо се рехабилитираа нашите репрезентативки по стартниот пораз од Италија, а со овие два бода остануваат во игра за полуфиналето.

Одигравме одлично прво полувреме, а тоа го потврдува и водството од два гола на полувремето, додека во вториот период Белорусија се избори за пресврт и создаде предност, која ја одржуваше до самиот крај, кога одново во голема драма кадетките успеаја да ја претворат во победа.

Ангела Јанкуловска беше прогласена за најдобар играч на овој меч, а имаше и пет погодоци, додека најефикасни во нашиот тим беа Ѓоргиевска и Седловска со по шест гола.

Македонија утре е слободна, а до крајот на групната фаза ја очекуваат уште дуелот со Азербејџан в среда, односно против Полска, в четврток.