Познатиот хрватски арбитар Иван Бебек бил претепан во градот Сињ во Далмација и тоа неколку часови откако го судел двобојот помеѓу Хајдук и Локомотива на „Пољуд“. Тој бил нападнат на паркинг пред дискотека, а се започнало со вербален напад кој потоа прераснал во физички.

Наводно на  физичкиот напад кумувале дофрлувања од група на млади лица во клубот и вербалните навреди кон Бебек, а судијата прво го известило обезбедувањето по што навредите престанале. Меѓутоа вербалните напади продолжиле кога Бебек излегол од клубот. Неколку лица му се приближиле и го навредувале, а потоа дошло до физички напад. Бебек би удрен со тупаница во задниот дел на главата, а кога паднал на асфалтот напаѓачите уште неколку пати го удирале и избегале. Алармирана е полицијата за овој случај која трага по напаѓачите.

Бебек е судија со меѓународно искуство и долгогодишен член на ХНС.