Дури сега во Шкендија ќе се „изгризат“ и ќе си кажат-„Па добро што ли пропуштивме, каква златна шанса за пласман во групната фаза во Лигата на Европа?“

Имено предмалку дојде веста од Нион дека, победникот од двомечот од 3.квалификациско коло во ЛЕ меѓу Дуделанж и Номе Калју, ќе игра во плеј-офот против Арарат од Ерменија или Сабуртало од Грузија. Значи ако Шкендија го минеше Дуделанж во 2.квалификациско коло ЛЕ, во следната фаза ќе играше повторно со Номе Калју, а последна пречка за историски пласман во групната фаза во ЛЕ ќе беа Арарат или Сабуртало. Тоа беше златната шанса за Шкендија, секако дека Гент, Милан и Розенборг е едно, а ерменскиот или грузискиот тим сосема нешто друго. Но таа шанса која се дава еднаш во 100 години, вакви ривали ова лето како што имаше Шкендија, е испуштена. Дури сега Шкендија повеќе ќе ја боли за тие најмалку 4.500.000 евра што ги испушти, повеќе ќе ја боли за елиминацијата од Дуделанж.