Трагедија ја потресе Русија! Младинската репрезентативка Анастасија Березина починала во неделата наутро на само 21 година. Таа заспала во саботата вечерта, и во неделата не се разбудила. Се претпоставува дека срцето и запрело во сон.

Скршени сме од тага. Почина Анастасија Березина, фудбалерката која половина од животот играше за нашиот клуб. Од 11-та година е во Чертаново и ги помина сите младински категории за да стигне до првиот тим. Таа се радуваше со шампионската титула, играше и во финалето на Купот на Русија, беше најдобар млад играч и голгетер на различни турнири. Се гордееме што имавме таков шампион. Никогаш нема да ја заборавиме“, напишаа од нејзиниот клуб Чертаново.

За руската репрезентација во различни возрасти Березина одиграла 15 натпревари и реализирала осум гола од кои четири на европското женско првенство до 19 години.