Како што најавува шпанскиот „АС“ во своето најново издание, Баерн Минхен би можел да добие екстра играч. Станува збор за Герет Бејл, кој веќе два месеци е на излезна врата од Реал Мадрид, но никако конечно да излезе и на сите да им ги „скрати“ маките, секако најмногу на Зинедин Зидан.

„АС“ напоменува дека челниците на „баварците“ веќе се распрашувале за Бејл и дека би можеле да го ангажираат со оглед на тоа дека на Нико Ковач му е потребен квалитет, но само како позајмен фудбалер.