Во руската Премиерлига се одигра четвртото коло, кое го затвори мечот меѓу Ахмет и Оренбург, кој заврши со 2:1 за домашните.

Двата тима имаат многу лош старт на сезоната, а и самиот натпревар беше очаен, но она што фрли посебно светло е фантастичниот гол на српскиот интернационалец Ѓорѓе Деспотовиќ, кој уште од сега е јасно дека го постигна голот на сезоната во Русија.

Србинот во 64. минута од натпреварот донесе изедначување со гол со „ножички“ и го постигна најдобриот погодок во кариерата, а дека е тоа така потврдуваат не само аплаузите од трибините туку и од противничките фудбалери.

Видеото може да го погледнете ТУКА.